10 совети кои ќе ви помогнат да ја развиете љубовта кон самите себе
- Научете да ги сакате вашите недостатоци
Недостатоците во личниот карактер обично настануваат со цел да се задоволи одредена потреба. Признајте си го тоа и почнете да барате нови, позитивни начини на коишто ќе можете да ги задоволите вашите потреби. Со љубов ослободете се од старите негативни навики. - Грижете се за вашето тело
Научете како да се храните правилно. Дознајте што му треба на вашето тело за да добие максимална енергија и виталност. Вежбајте. Во какви физички вежби уживате? Негувајте го и почитувајте го домот во кој живеете. Тоа е вашето засолниште. - Користете огледало
Станува збор за еден од најлесните, најефикасните и најдиректните начини да се прифатите себеси – начин кој не бара никакво предзнаење, техника, ниту остава простор за криење на егото. Застанете пред огледало, погледнете се длабоко во очите и почнете да повторувате некои позитивни афирмации кои ве мотивираат и инспирираат. Можете да го правите тоа на глас или во себе. На почеток ова ќе ви звучи смешно и бесмислено, но кога навистина ќе се фокусирате, реченицата што си ја кажувате ќе стане вашата внатрешна вистина и ќе ви дојде искрено од срце.
Барем еднаш дневно изјавете си љубов. Повторувајте си го тоа сѐ додека не се ослободите од сите замерки, осудувања и конфликти. Доколку во процесот на изговарање на тие зборови не можете да се прифатите бидејќи во минатото сте направиле нешто за што се каете, најдобро е во тој момент да си простите себеси. Простувањето е чудотворен лек кој ги лечи раните и ќе ве ослободи од товарот на минатото доведувајќи ве до местото каде што треба да бидете, а тоа е сегашноста.
- Почнете да се сакате уште веднаш
Не чекајте да ви се подобри расположението, да ослабете, да најдете нова работа или партнер. Почнете сега и направете го тоа најдобро што можете.