На оваа листа ќе наидете на многу загубени праисториски градови, споменици, верски објекти и најразлична архитектура. Започнуваме со..
Мачу Пикчу во Перу, поточно светиот град на Инките се наоѓа на 2350 метри надморска височина, а сè до 1911 година успеа да остане скриен од јавноста.
Ангкор Ват, во Камбоџа е најголемиот будистички и хиндуистички комплекс на храмови. Познат е меѓу туристите како симбол на народот на Камбоџа.Фотографија од Ангкор Ват има и на државното знаме и на парите таму.
Таџ Махал е неприкосновен симбол на Индија. Овој мавзолеј го изградил могулскиот владетел Џахан-шах за својата покојна жена Мумтаз Махал.
Петра е напуштен град во Јордан откриен во 1812 година, а УНЕСКО го стави на листата на светски културни наследства, како едно од највредните наследства за човештвото.
Големата џамија во Шпанија била градена цели два века, од 8от до 10от век. Денес ова место е главна катедра на шпанскиот надбискуп на Кордоба.
Храмот Бајон во Камбоџа е вистински пример за барокна архитектура.
Црквата на Исусовото воскреснување во Русија е една од најпознатите симболи на Сан Петерсбург и е изградена на местото каде е убиен рускиот цар Александар II.
Базиликата на Св. Петар е изградена на местото каде бил мачен Св. Петар, а каде денес се наоѓа неговиот гроб. Оваа базилика е еден од најпосетените културни споменици во светот, сепак тоа делумно се должи и бидејќи се наоѓа во Ватикан.
Дубровничката тврдина освојува илјадници туристи со својата посебна убавина секоја година. Изградена е за одбрана на Загреб. Долга е 1940 метри а во 1979 година оваа тврдина влезе во светското културно наследство на УНЕСКО.
Рунек Гловни во Полска е најголемиот средновековен плоштад кој привлекува туристи бидејќи потсетува на шаховска табла.
На оваа листа ќе наидете на многу загубени праисториски градови, споменици, верски објекти и најразлична архитектура.