Направете вкусно ледено уживање. Природен сладолед од 3 состојки.
СОСТОЈКИ:
1 шолја јагоди
2 лажици бадемово млеко
3 банани
ПОДГОТОВКА:
Се блендираат јагодите со млеко, па се додаваат бананите.
Се лади, а може да го смените рецептот со друго омилено овошје, или да декорирате горе со овошје.
Уживајте.