Како што велат од МФ, предложената помош ќе придонесе за покривање на финансиските потреби на земјата во текот на оваа и наредната година, поддржувајќи ја и фискалната одржливост и структурните реформи насочени во областа на фискалното управување, даночната политика, управувањето со јавните инвестиции, јавно-приватните партнерства, деловното опкружување, транспрентноста во државната помош, енергетската, ефикасност, реформите во судството, како и борбата против корупцијата.
„Ова значи поддршка од ЕУ на земјата на патот кон членство во ЕУ, поддршка за реформите и, најзначајно, поддршка на политиките во време на криза. Таа стигнува како потврда на она што го преземаме откако претходно тоа беше потврдено и од меѓународните финансиски институции“, истакна министерот за финансии Фатмир Бесими.
Помошта ќе биде исплатена во две транши, а е дополнување на претходно одобрениот Инструмент за претпазливост и ликвидност од Меѓународниот монетарен фонд. Средствата ќе бидат достапни откако предлогот ќе биде усвоен во Европскиот Парламент и Советот на ЕУ.
Станува збор за средства од пакетот што ЕК го воспостави во време на ковид-кризата. Македонија во 2020 и 2021 година година користеше 160 милиони евра маркофинансиска поддршка од ЕУ за справување со економските последици од коронавирусот.
Пронајдете не на следниве мрежи: