Јапонец ги зготвил своите гениталии и потоа ги послужил своите гости

Јапонец бил обвинет откако ги зготвил своите гениталии и ги послужил за вечера во еден ресторан.

На човекот хирушки му бил отстранет пенисот и гениталиите од лекар а потоа ги замрзнал. Откако се констатирало дека нема опасност од инфекции, ги послужил, и како додаток додал печурки и магданос на своите гости.

Човекот Мао Сугијама, 23, за своите пет оброци и задоволството наплатил околу 160 долари за да јаде гениталии во ресторанот во Сугинами, кој се наоѓа во западен Токио. Ако Мао Сугијама биде прогласен за виновен ке мора да плати казна од 2,5 милион јени(32,000 долари) или да лежи две години во затвор.

Мао Сугијама кој се претставува под псевдоним  ХС се опишува себе си како анти-сексуален илустратор. Тој не ги отстранил само своите гениталии туку и брадавиците. На почетокот сакал да си го изеде својот пенис и тестиси но се одлучил да ги послужи на клиенти кои ке платат за тоа а во меѓувереме бил надгледуван од својот шеф.

Настанот бил објавен на социјалната мрежа Твитер каде се понудил да го зготви својот пенис за 800 долари. Но подоцна се премислил и одлучил да ги подели своите гениталии на шест гости.

На Твитер напишал:

“Ги нудам своите машки гениталии (целосен пенис, тестиси, скротум) како оброк за 100,000 јени(800 долари). Јас сум Јапонец”.

“Органите ми беа хирушки отсранети на 22 годишна возраст. Бев тестиран и немам венерични болести. Органите нормално функционираа. Не примав никаква терапија со женски хормони”.

“Ќе ги добие првиот заинтересиран, а исто така размислувам да ги продадам и на група. Ќе ги подготвам по желба на купувачот, со достава на бараната локација. Ако имате некакви прашања контактирајте ме преку пошта или е-маил”.

“На настанот во ресторанот имаше заинтересирани најмалку  седумдесет луѓе, петина од нив бараа гениталиите на Мао да бидат послужени со говедско и месо од крокодил. Тие кои ги јадеа оброците со пенисот, тестисите и скротумот мораа претходно да дадат изјава дека Мао нема да биде виновен ако нешто им се случи отпосле”.

Пронајдете не на следниве мрежи: