Убиецот од Њутаун го учела да пука мајка му, која го чекала крајот на светот

Loading...

Мајката на Адам Ланза, момчето со пречки во развојот кој во основно училиште во Њутаун уби 27 луѓе и се самоуби, не била баш „најнормална“, иако била мила и добра жена, откриваат американските медиуми.

Ненси Ланза е опишана од соседите како добра и великодушна, но исклучително параноична жена која трескавично се подготвувала за крајот на светот или за целосен економски колапс кога ќе кулминира насилството, па затоа оваа жена за овие „црни денови“ решила да се вооружа до заби и да складира храна и вода.
Овие наводи ги потврдила и нејзината роднина Марша Ланза, која вели дека опседнатоста на Ненси со оружје всушност била подготовка за економски и општествен колапс од кој се плашела.
„Се подготвуваше за најлошото. Последен пат кога ја посетивме, разговаравме за тоа и нè праша дали сме подготвени за она што би можело да се случи кога ќе дојде до крах на економскиот систем“, вели Марша.
Ненси Ланза имала регистрирано пет парчиња оружје. Три 20 годишниот Адам, кој според наводите на американската полиција бил аутистичен, односно имал Аспергеров синдром и пореметување на личноста и покажувал симптоми на опсесивно-компулзивно пореметување, искористил за крвавиот масакр.
Иако во детството се гледало дека Адам има психички проблеми, родителите за него наводно никогаш не побарале стручна помош. Згора на тоа, мајка му ја поттикнувала неговата склоност кон насилство. Адам, според пишувањето на американските медиуми бил опседнат со насилни видео игри, а да пука, исто како и неговиот постар брат Рајан, го научила токму неговата мајка.

Макфакс

loading...
Loading...