Доењето може да биде непријатно за мајката, а особено кога бебето има заби…
Патрициа вели дека забележала бели процепи на долната вилица на нејзината ќерка веднаш по раѓањето, додека веќе следниот ден при доењето таа почувствувала силна болка и видела дека забите целосно излегле.
“Мојата бабица ми кажа дека тоа е навистина реткост”, вели Патрициа.
Малата Фаја сега е “стара” две недели и забите во долната вилица уште повеќе и пораснале.
Кај повеќето бебиња првите заби се појавуваат дури по шест месеци.
Сопругот на Патрициа исто така бил изненаден, но таа се шегува со него дека нему му е сепак полесно затоа што тој не треба да ја дои нивната ќерка.
“Понекогаш се шегувам и велам дека бременоста траеше долго време за ќерка ми да ги има сите заби при раѓањето”, вели Патрициа за “Daily Mail”.
Пронајдете не на следниве мрежи: