Златната параолимпијка постави нов државен рекорд

Оливера Наковска-Бикова, во неделата, во Белград на одржаниот ’Гран При’, во квалификациите, испука нов македонски рекорд.

Наковска-Бикова имаше резултат од 382 кругови, со што за еден круг го подобри претходниот рекорд, кои исто така беше во нејзина сопственост. Со постигнатиот резултат таа како шестопласирана влезе во финалната серија, по која натпреварот го заврши на осмото место, во конкуренција на 38 натпреварувачки.
На овој натпревар кој беше во организација на Меѓународната стрелачка федерација, првите три места ги освоија репрезентативките на Србија, Бобана Величковиќ, Зорана Аруновиќ и легендарната Јасна Шекариќ.
Наковска-Бикова со резултатот во Белград стави крај на успешната година, во која на Параолимписките игри во Лондон го освои златниот медал.

Макфакс

 

Пронајдете не на следниве мрежи: