Што треба да поседувате за да работите во “Мајкрософт“?

Најверојатно секој програмер сонува да работи во една од најуспешните компании во светот, “Мајкрософт“. Оваа компанија неодамна го промовираше најновиот оперативен систем Виндоус 8, кој предвидува дека ќе го зголеми годишниот профит на компанијата за 75 отсто.

Но, во оваа компанија не е неопходно да бидете програмер или да имате знаење од информатичката технологија. За да успее една ваква компанија на глобално ниво, потребен и е тим од економисти, правници, менаџери, маркетинг консултанти, тим одговорен за односи со јавноста, сметководители, трговци и многу други.

За да бидете дел од оваа компанија потребно е пред се да имате одлично уредено  CV. За “Мајкрософт“ е најважно искуството кое го имате пред себе, па во вашето CVвметнете се што мислите дека е важно и го таргетира вашето искуство. Компанијата има создадено и дополнителни алатки кои може да ви помогнат при апликацијата и приложувањето на вашето CV. Можете да направите онлајн резиме на целото ваше искуство, преку алатката на “Мајкрософт“, основна достава.

Покрај CV-то, пожелно е да ги приложите дипломите и сертификатите што сте ги добивале од некои обуки или курсеви. Тие можат само да ве однесат на врвот од многуте апликации за работа во “Мајкрософт“.

Но, покрај вашите искуства и дипломи, што вистински треба да поседувате за да го убедите  “Мајкрософт“дека вие сте одличен кандидат за работното место што го нуди?

Најважното е да бидете свои. Бидете самоуверени, ценете се себе си и вашите знаења, оставете прв впечаток на самоуверена и интелигентна личност која знае што сака во животот и пред се кои се вашите вистиснки цели вашата кариера. Исто така, покажи дека знаеш да работиш во тим, бидејќи поголемиот дел од работите кои се извршуваат во оваа светска компанија се дело на тимска работа. Ако не сте способни да работите во тим и ако преферирате индивидуална работа, тогаш е најдобро да се откажете од идејата да бидете дел од тимот на “Мајкрософт“.

Во оваа компанија секогаш се бара решение на проблемот. Тука нема паничење доколку работата или очекувањата не се такви какви што биле предвидувани, туку се бара решение како да се стопира и реши таа состојба во најкраток временски период. Дури и да немате целосно познавање на програмскиот јазик Ц+ не паничете и не се демотивирајте, бидејќи голем дел од програмерите во компанијата не ги знаат основите на овој јазик, а сепак работат успешно и придонесуваат за развој на компанијата на светскиот пазар. 

 

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

Пронајдете не на следниве мрежи: