Вториот возач на Ф1 тимот Марусија покрај германецот Тимо Глок ќе биде Макс Шилтон.
Веста ја потврди претседателот на екипата Николај Фоменко.
„Нашиот досегашен трет возач на тимот Макс Шилтон ќе го замени Чарлс Пик следната година“ изјави Фоменко.
Шилтон оваа година две сезони возеше за Марусија во ГП2 серијата, а од Големата награда за Јапонија оваа година стана и официјално резервен возач на Ф1 екипата.
Промоцијата на Шилтон би донела спонзорски приходи за екипата со оглед на тоа дека татко на талентираниот Ф1 возач е Грахам Шилтон, кој воедно е и потпретседател на американската осигурителна компанија „А он Корпорејшн“.
Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.
Пронајдете не на следниве мрежи: