10.000 текстови со вас

Денеска го објавивме и 10.000 тиот текст. Ова е еден наш мал јубилеј и мала радост што сме со вас. Што можеме да пишуваме за вас, да ве информираме, разонодуваме, забавуваме.

Вие за кратко време станавте редовни посетители на нашиот портал и тој стана дел од вашето секојдневие, за да преткрај на минатиот месец станеме и прв македонски сајт по посетеност во Македонија.

И не само што станавме први, туку скоро месец дена подоцна остануваме први во македонскиот интернет простор со над 100.000 посети дневно. И како што веќе рековме, останете со нас, само што започнавме…

 

Пронајдете не на следниве мрежи: