Се повредила за време на секс со колега, добила надомест заради „повреда на работа“

Loading...

Австралијка вработена во државна служба, која се повредила за време на секс во мотел за време на бизнис патување, ја добила петгодишната судска битка против федералната влада, која ќе мора да и исплати надомест.

Федералниот суд овој месец ја одби жалбата на владејачката осигурителна компанија „Комкер“ на судската одлука според која жената е повредена на работна задача.
Австралијката, која од правни причини не е идентификувана, престојувала на 26 ноември 2007 година во мотел во градот Наура, 160 километри јужно од родниот Сиднеј, кога имала сексуален однос со колегата. Тогаш била во доцните триести години. За време на сексот, дел од светилката над креветот се откачил и и паднал врз лицето, повредувајќи и го носот и устата.
Повредите и биле санирани во болница, а подоцна страдала од депресија и не продолжила да работи за владата. „Комкер“ најпрво го прифати нејзиното барање за надомест на физички и психолошки повреди, но потоа го отфрли по деталната истрага.
Потоа судот донел одлука дека државата не е виновна за нејзините повреди. Жената тогаш се обратила до федералниот суд, кој на 19 април пресудил во нејзина полза. Не е познато колку пари ќе добие жената.
„Комкер“ ја разгледува можноста од жалба на Високиот суд, најголемата судска инстанца во Австралија.

Макфакс

loading...
Loading...