Во САД почина најстариот жител на светот

Loading...

Најстарата жителка на планетата, којашто го доби овој статус пред помалку од две седмици, почина во понеделникот во американската сојузна држава Ајова, на возраст од 115 години, јави AFP повикувајќи се на директорот на старечкиот дом во кој таа живеела последниве години.

Дина Манфредини, родум од Италија, починала во местото Де-Мојн. Според Гинисовата книга на рекорди, жената поголемиот дел од својот живот го минала како домаќинка, одгледувајќи ги децата, но во напредна возраст таа започнала да работи како чистачка во приватни домови и тоа го работела до нејзините 90 години.
Манфредини којашто живеела без туѓа помош и нега до 110-та година стана најстарата личност на планетата според Гинисовата книга на рекорди на 5-ти декември 2012 година, кога во местото Монро во американската сојузна држава Џорџија почина 116-годишната Американка Беси Купер.
Според информациите, по смртта на Манфредини, во моментов најстарата личност на планетата е Јапонецот Џироемон Кимура кој е роден само 15 дена по Манфрендини, на 19-ти април 1897 година.

Макфакс

loading...