Автобус со студенти од Босна и Херцеговина излета од автопатотот ноќта од понеделникот кон вторникот во близина на хрватскиот град Кутина, при што 37 лица се повредени, од кои двајца потешко.
Како што јавија хрватските медиуми, несреќата се случила на автопатот А3 Брегана-Липовац, а во автобусот имало 55 патници.
Автобусот излетал од патот и завршил во канал, но паднал на бочна страна. За да ги извадат патниците, спасувачките екипи биле принудени да сечат делови од автобусот.
Макфакс
Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK> може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.