Израел одобри градење нови домови во источен Ерусалим

Израелското министерство за внатрешни работи објави во понеделникот дека го одобрило градењето на 1.500 домови во Рамат Шлом, во источниот дел од источен Ерусалим кој меѓународната заедница го смета за окупиран и припоен дел од Ерусалим.

Со ова Израел го покренува проектот кој во 2010беше осуден од странана САД и привремено ставен во мирување. Контроверзниот проект тогаш предизвика тешка дипломатска криза меѓу Израел и САД во текот на посетата на американскиот потпретседател Џозеф Бајден на Ерусалим на 9-ти август 2012 година, забележува AFP.
Комисијата на израелското министерство за внатрешни работи за Ерусалим го намали првичниот план од 1.600 на 1.500 станови, а планот треба повторно да биде претставен и да ги задоволи условите за конечно да биде одобрен, соопштила портпаролката на министерството. Појаснила дека тоа може да потрае со месеци или години.
Овој план, инаку, првпат беше замрзнат во 2005 година повторно под притисок на американските санкции, а со него Израел има намера на два дела да го пресече Западниот брег и да го изолира од источен Ерусалим.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: