Берлускони:Европа и наметна штедење на Италија

Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони, кој се подготвува за шеста изборна кампања во последните две децении, изјави дека Европа со која доминира Германија и наметна штедење на Италија.

„Многу тешката состојба во која се наоѓаме зависи од правилата на штедење кои ги наметна Европа, каде што Германија има хегемонистичка улога и не покажува солидарност, туку себичност“, изјави Берлускони за телевизијата „Rete 4″, која е во негова сопственост.
Берлускони истакна дека укинувањето на данокот на имот, што го воведе премиерот Марио Монти, се наоѓа на врвот на неговата програма.
Кусокот во буџетот, Берлускони планира да го покрие преку зголемување на данокот на алкохолни пијалоци и намалување на трошоците во јавниот сектор.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: