Излегоа нови слики: Блекбери 10 е копија од Ајфон 5?

На сајтот за технолошки иновации Tinhte.vn беа објавени фотографии од тенок, убаво обликуван и футуристички телефон кој неверојатно многу личи на iPhone! Станува збор за новата серија на Блекбери, која треба на пазарот да се појави кон крајот на Јануари.

Новиот Блекбери на компанијата РИМ многу е сличен со конкурентниот производ на Епл.

 

Фотографиите потврдуваат дека компанијата РИМ кај овој модел ја има изоставено тастатурата која досега беше заштитен знак за моделите на Блекбери, наместо тоа сега има екран осетлив на допир.

 

За разлика од Ајфон, новиот Блекбери нема Home копче на предната страна. Најверојатно софтверот на телефонот ќе овозможи корисниците да преминуваат од една во друга апликација.

 

Новиот телефон освен USB приклучок, има и микро-HDMI приклучок преку кој се спојува со екраните со голема резулуција.

 

Пронајдете не на следниве мрежи: