Смрт на Сонцето
Се има почеток и крај, па така и нашето убаво Сонце. Но, секако, има и такви кои веруваат дека нашата ѕвезда нема да потрае уште барем пет милијарди години, туку дека ќе умре многу порано и така ќе дојде до крај на светот. Ако сепак нормално ја доживее староста, Сонцето навистина ќе предизвика апокалипса кога ќе се прошири во црвен џин, кој ќе ја запали цела Земја. Ако тоа не го уништи целиот живот на нашата планета, последната фаза на намалување во бело џуџе сигурно ќе го уништи кога се ќе се смрзне поради недостиг на топлина.
Зомби
Нема добар попис на крај на светот без зомбите. Без оглед дали настанале поради вирус или црна магија, зомбите моментално се ин и мораме да ги наведеме. За зомбите најголема заслуга припаѓа на Џорџ Ромер, кој го сними Ноќ на живите мртовци во 1968 година, од кога станаа миленици на евтини хонорарци и видео игрици. Нивното единствено оружје е каснување со кое ја пренесуваат својата болест, а силата им е во бројот и преданоста.
Индиската демонка Кали и нејзиното време
Во индиската митологија времето се дели на четири периоди. Едно од нив е времето на Кали, божица на времето и промените, кое ќе трае 432.000 години, а во чиј тек луѓето морално и духовно ќе пропаднат. Според повеќето интерпретации, човечкиот род веќе се наоѓа во овој период, што значи дека ќе се случат неколку апокалиптични настани, кои за нешто помалку од половина милион години ќе кулминираат со голема битка на доброто и злото.
Будистички крај на светот
Во будистичката ешатологија крајот на светот почнува кога луѓето ќе го заборават учењето на Буда, а потоа и на самиот Буда. Откако тоа ќе се случи, треба да се појави нов Буда кој ќе се вика Маитреја, но ни неговото време нема да го приведе кон крај тој период. Ќе настапи време на војни кое ќе заврши со уништување на поголем дел од Земјата. Дури после сите претходни наведени ужаси, човечкиот род повторно ќе се врати на Земјата и целиот циклус ќе почне од почеток.
Судниот ден
Во многу верувања кои го содржат ликот на Абрахам (христијанство, јудаизам, ислам) крајот на светот вклучува и разни болести и природни катастрофи кои завршуваат со враќање на месијата. Не е познато дали животот на Земјата ќе биде можен по апокалипсата, а уште помалку е можно да се предвиди за кое од божествата ќе се покаже дека било тоа вистинското.
Математички крај на светот
Постои математички аргумент за идејата дека до крај на светот ќе дојде за околу 9.000 години. Физичарот Брандон Картер во 1981 година ја изнел идејата дека човечкиот род се наоѓа на половина пат до своето истребување. Иако идејата на Картер има многу арбитрарни вредности (како досегашниот број на луѓе кои се родиле или колку луѓето долго ќе живеат во иднина), интересна е бидејќи се занимава со проценти и се обидува логично да дојде до крајот на човечкиот род. Ако Брандон Картер бил во право, последните луѓе треба да се родат за 9.100 години.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.