Се распаѓа ДС на Тадиќ

Ѓилас и Пајтиќ се најсилните личности во ДС на Тадиќ. Според српските медиуми, по изборниот пораз таму работите не се како што треба, па ако не се стивнат набргу препирките, може да дојде до делења на партијата на 3 дела.

Се очекува состанок на овие троица за да се направи оперативен договор за преживување на партијата. Тие се спремни да му понудат тој да остане претседател, но оперативното водење на партијата го бараат за себе.

Српските аналитичари сметаат дека оваа „драма“ нема да заврши со помирување и дека овие тројца нема да можат да најдат заеднички јазик, што би можело да значи токму формирање на нови партии од телото на ДС. 

Пронајдете не на следниве мрежи: