Иницирајте секс по брза постапка

Loading...

Ако вашиот партнер не иницира на секс, тогаш е време да превземете нешто и да ја смените таа ситуација, ако сакате да ја зачувате врската и да се ослободите од монотонијата. 

Има неколку знаци кои може да ги употребите во ваша корист и да му дадете до знаење дека во моментот сакате да имате секс со него. 

Носете секси долна облека и прошетајте се покрај него. Тоа е момент кој покажува дека дефинитивно ви е потребен секс и сакате да го имате веднаш, а не постои машко кое ќе одолее на ваквата појава. 

Ставете црна или црвена свилена навлака на вашиот кревет. Свилата го крева либидотот на вашиот партнер, а сексот на свила е доста уникатен и гарантира одлично задоволство за двајцата. 

Зборувајте му валкано и кажете му дека сакате да бидете неговата непослушна девојка. Колку погласно и повалкано му зборувате, толку поголема возбуда ќе почувствувате и двајцата, која може да трае со часови. 

Почнете со нежни допири по неговото тело, а со неговата рака мазете го вашето тело. Нежно гризете ги усните и гледајте го директно во очи. Пред да се свестите вие веќе ќе бидете соблечена и во неговата прегратка. 

 

Мажите сакаат да бидат заведувани и сакаат интересни и возбудливи предизвици, па дури и кога не им е дојдено до секс, доволно е да ја загреете атмосферата и ќе имате луда и незаборавна вечер со вашиот сакан. 

 

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24

 

 

loading...
Loading...