Бизнис климата во Германија подобрена втор месец по ред

Деловната клима во Германија во декември е подобрена втор месец по ред, покажа најновиот извештај на угледниот германскиот институт Ifo.

Индекс на деловна клима на Ifo за најголемата европска економија во декември е зголемен на 102,4 поени, од 101,4 поени, во претходниот месец, објави во средата германскиот институт за економски истражувања.
Подобрувањето на бизнис климата втор месец по ред го одразува поголемиот оптимизам на компаниите во поглед на деловните изгледи, со што се потврдуваат знаците дека германската економија веројатно брзо ќе закрепне.
Ifo индексот, кој се добива врз основа на анкета спроведена меѓу илјадници деловни лидери, се смета за еден од најрелевантните показатели за состојбата на германската економија.
Шефот на одделот за истражување во VB Bank, Бернд Хартман се согласува дека расположението меѓу аналитичарите е подобрено, но укажува на сеуште воздржаниот оптимизам кај бизнисмените, што се должи на слабите услови во Европа.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: