Америка: Србите се виновни за крајот на светот

Loading...

''Ќе дојде година со ѓаволскиот број во обратна насока (1999) и тогаш ѓаволот ќе направи светски конфликт за 13 години потоа, целиот свет биде уништен''. 

Овој пасус на Нострадамус, Американците го разработуваат преку конфликтот на Србија и НАТО околу Косово, како и целиот регион на државите од екс-Југославија кои имаат големи проблеми. Тоа секако, не е ништо ново, но информацијата дека Србите се виновни за крајот на светот на 21 декември е нешто сосема ново и оригинално.

 

Американскиот сајт ''Popular'', објави дека за крајот на светот, виновни се Србите, а не древните Маи. Србите се тие кои намерно или не, го исполниле условот од пророштвото на Нострадамус за крајот на светот. 

Нивното објаснување е дека навистина во 1999 година, дојде до конфликт на 19 земји од светот, односно од НАТО пактот, кои учествуваа во конфликтот на Србија и Косово, а целото недоразбирање е одбивањето од Србите за мировно решение со Албанците.

Веројатно Србите не слушнале за пророштвото на Нострадамус, и затоа даваат повод за крајот на светот кој не очекува во петок, 21 декември. 

 

loading...