Четворица мртви во уривање на зграда на Сицилија

Четири лица загинаа а седум се повредени во текот кога во историскиот дел на Палермо се урна станбена зграда врз соседна, соопштија во вторникот локалните медицински служби.

Несреќата е последна во серијата слични инциденти во Италија каде е често нелегалното градење, а малку се почитуваат градежните стандарди. Зградата којашто се урнала имала новододаден најгорен кат.
Пожарникарите и полицијата во првите трагања минатата ноќ пронајдоа две тела, на мажи во возраст од 54 и 82 години, а подоцна во вторникот претпладне од под урнатините успеаја да спасат една девојка.
Подоцна во текот на денот пронајдени се телата на две повозрасни жени. Седум лица се полесно повредени, пишуваат италијанските медиуми.
„Слушнавме чкрипење и паѓање на камења и инстиктивно излеговме од зградата“, изјави за локалните медиуми жена којашто живеела во една од зградите.
Началникот на противпожарната служба на Палермо за медиумите рекол дека до уривањето дошло поради структурни проблеми, а не поради истекување на гас, како што првично се мислеше.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: