LG претстави ново далечинско кое препознава гласови

Во пресрет на Саемот на потрошувачка електроника (Consumer Electronics Show – CES) во Лас Вегас, компанијата LG Electronics (LG) го претстави новиот Magic Remote далечински управувач за својата серија CINEMA 3D Смарт телевизори.

Редизајнираниот уред поседува унапредени можности на препознавање на гласот, кои го прават извршувањето на командите поедноставно, поприродно, поинтерактивно и поразговетно.
Со новиот дизајн, овој модел користи четири опции на контрола – глас, гестикулации на телото, pointing функцијата, како и користење на тркалцето.
Софистицираната технологија на препознавање на гласот овозможуа едноставно издавање на вербални команди со секојдневен глас, без напрегања. Повеќе не постои потреба од незгодни паузи помеѓу командите и насловот што сакате да го прегледате, па од сега едноставно можете да изговорите: „Покажи ми го видеото Gangnam Style“, со цел да го изгледате саканиот клип, а Magic Remote ќе ја изврши командата. Новиот LG Magic Remote служи и како универзално решение за далечински управувач, пружајќи можност на пристап и контролирање на повеќе различни уреди наменети за домашна забава. Сите уреди, почнувајќи од смарт телевизорите, сателитските и кабловските, па се до blu-ray плеерите, со леснотија можат да се контролираат со еден Magic Remote далечински управувач.
Благодарение на pointing опцијата, Magic Remote е идеален управувач за игри кои бараат движење на телото. Тркалцето овозможува корисниците едноставно да преминуваат низ различните менија, и да ја користат опцијата на зумирање кога се во прашање интернет страниците или користењето на апликациите, како што е Google Maps. Гестикулирајќи на одреден начин со помош на далечинскиот управувач, корисниците лесно можат да пристапат до менијата кои се користат често или да ги извршуваат често потребните функции, значително штедејќи на време. На пример, гледачот може да префрли на омилениот канал само со пишување на саканиот број во воздух.

Magic Remote доаѓа со два високо функционални модели – еден е составен дел на премиум линијата LG CINEMA 3D телевизори, а другиот доаѓа со стандардните CINEMA 3D телевизори. Magic Remote кој доаѓа со премиум категоријата располага со копчиња за позадинско LED осветлување за полесно снаоѓање во мрак, а исто така се карактеризира и со компактен дизајн кој го прави полесен и поудобен за ракување. Најчесто користените копчиња се паметно распоредени, павејќи го корисничкото искуство на новиот модел уште поприродно и попријатно.

„LG е посветен на изнаоѓањето иновативни решенија за домашна забава, а на Magic Remote далечинскиот управувач сме посебно горди,“ изјави Havis Kwon, претседател и извршен директор на компанијата LG Electronics Home Entertainment. „Надоградувајќи го и онака импресивниот збир на функции, последната верзија на управувач нуди прецизно препознавање на јазикот и гестикулациите, но и pointing опцијата и управување со тркалцето.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: