Дваесетгодишната Американка Оливиа Кулпо е избрана во средата навечер за Мис Универзум 2012-та во Лас Вегас, освојувајќи ја првпат во последните 15 години за САД титулата најубава жена на светот.
Жирито составено од десетина славни личност ја избра Кулпо пред трите други кандидатки финалистки – Филипинката Жанин Тугонон, Бразилката Габриела Маркус и Венецуелката Софија Есер.
Олива Кулпо, како ќерка на музичар, свири виолончело, сака да оди во кино, посетува музеи, присуствува на концерти и сака да ги смее луѓето, пишува на интернет страницата на натпреварувањето за Мис Универзум.
Ова 61-во издание на годишниот избор на убавица кој го водеа Американците Енди Коен и Американската од италијанско потекло Џулијана Рансик, се одржа во хотелскиот комплекс „Planet Hollywood’“ во престолнината на гревот Лас Вегас.
Претходната американска победничка во овој избор беше Брук Мелани Ли, која беше избрана во 1997 година. Последните години на овој избор доминираа Латиноамериканките, кои освоија осум титули од 2001 година наваму.