’Матрикс’ и ’Валканиот Хари’ прогласени за национално кинематографско богатство на САД

Американскиот национален филмски регистар во среда издвои 25 филмови кои ќе бидат сочувани како културно богатство, од „Доручекот кај Тифани“ до „Валканиот Хари“ и „Матрикс“. На листата, како што пренесуваат агенциите, се наоѓа и филмот „A League of Their Own“ со Мадона и Џина Дејвис во главните улоги, „Роден вчера“ со Џуди Холидеј и празничната класика „Божикна приказна“ од 1983 година.
На листата се наоѓаат и холивудските класици, документарни филмови, рани филмови, експериментални и независни остварувања од 1897 до 1999 година.
Филмовите ќе бидат префрлени на дигитален формат и ќе бидат додадени на листата на националниот филмски регистар.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: