Се прашуваш зашто си сè уште сингл?

Loading...

Сите твои пријателки се чудат зашто си сингл. Дури и ти самата. Сметаш дека добро изгледаш, а сепак немаш никој покрај тебе. Додека сите твои другарки имаат момчиња, ти се прашуваш што се случува со тебе. Преиспитај се себеси во однос на некоја од овие причини. Може тука лежи одговорот на твоето прашање.

 

1. Напорни сте

Ако често себеси се наоѓате во ситуација каде луѓето ви велат да зборувате потивко, да бидете посмирена, да не прашувате толку многу тогаш ,тоа значи дека и кога сте во врска сте малку  напорна. Доколку во врската постојано го контролирате своето момче, секогаш сакате да знаете каде е, тоа ќе го исплаши и ќе ве остави.

 

2.Импулсивни сте

Доколу прво реагирате, а потоа размислувате за кажаното, тогаш сигурно ќе останете сами. Никој не сака врска во која постојано ќе биде изложен на стресовии бурни реакции псоле секе несогласување. Секој сака да има некого на кого може секогаш да се потпре, а импулсивните личности не се најпогодени за тоа.

 

3.Нестрпливи сте

Ги прекинувате другите додека зборуваат? Сакате секогаш да е по ваше? Тоа ги одбива момците. Никој не сака да биде подреден во врската. Сепак, во врска се двајца, нели?Мора да постои согласност. Со нестрпливите луѓе нема компромис.

 

4.Сакате да помогнете во се

Доколку вашиот дечко е гладен и го отвора фрижидерот, а вие веднаш скокнете да му зготвите нешто топло, иако можеби ќе ви изгледа чудно, тоа нема да му се допадне. Никој не сака во врската да се чувствува како да е со својата мајка.

 

loading...
Loading...