Пулс24 и Моделс ИН со хуманитарна цел

Веруваме дека светот е едно големо семејство во кое сите треба да си помагаме меѓусебно, безусловно, без причина… Подари Љубов, биди ХУМАН!

Тимот на нашиот портал ве поканува на хуманитарна забава со моделите на агенцијата Models IN во Скопје Кафе.

Средствата заработени од забавата и донациите ќе бидат предадени на Јелена која не е во можност да работи, бидејќи се грижи за својата ќерка Маја која има пречки во развојот. Тие преживуваат во сиромашни услови со само 1500 денари месечно и имаат потреба за зимава од храна, дрва, средства за секојдневни потреби, како и пари за лекови.

Добредојдени сте сите на забавата, а секој што сака може да помине и да донира во кутиите во локалот. Тимот на Пулс24.мк ви благодари за хуманоста!

Пронајдете не на следниве мрежи: