Смртоносни змии во плакарот на тригодишник од Австралија

Сите знаеме дека Австралија има проблем со змии, но една од најсмртоносните змии која живее на овој континент, тие ја викаат обична кафеава змија.

Седум такви змии неодамна се изведоа во плакар на тригодишно дете. Колку и да е чуден тој факт, сепак, кога мало детенце ќе ве замоли во својот плакар во кутија да чува јајца од змија, што ќе му кажете?
И да му објасните дека еден ден од тие јајца ќе излезат змии, најверојатно нема да ја разбере опасноста која следи.
Таква ситуација се случила во Австралија, кога малиот тригодишник ги складирал јајцата во својот плакар, а неколку недели подоцна, од нив се извеле седум од втората најсмртоносна змија на светот.
Сепак, сè добро се завршило затоа што никој не е повреден, а змиите се најдени и однесени во Зоолошка градина, јавуваат австралиските медиуми.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: