Папата пишува за Божик во Financial Times

Папата Бенедикт Шеснаесети е автор на напис посветен на Божик во влијателниот економски магазин Financial Times, објави Ватиканското радио, што е првпат некој поглавар на Римокатоличката црква да објави текст во световен весник.

Ватиканското радио инаку го пренесе во четвртокот текстот во целост, во кој се истакнува дека Божик е време на голема радост, но исто така и можност за длабоко размислување и преиспитување на совеста.
„Раѓањето на Христос нé поттикнува повторно да ги разгледаме нашите приоритети, нашите вредности, нашиот начин на живот, иако е несомнено време на голема радост., Божик е и можност за длабоко размислување. На крајот од годината којашто за многумина беше економски тешка, што можеме да научиме од понизноста, сиромаштијата и едноставноста на сцената со колепката“, пишува Папата.
Ватикан објави дека папата Бенедикт Шеснаесетти претходно пишуваше за италијанските верски магазини, меѓутоа ова е првпат негов напис да биде објавен во световен весник. Уредништвото на Financial Times го замолило за текст посветен на Божик, а тој „со драго срце се согласи“, на ова необично барање на британскиот магазин.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: