Во САД се рашири веста дека поранешна атлетичарка има мрачна тајна.
Февор-Хамилтон ја претставуваше САД дури на три Олимписки игри. Денес има 44 години и призна дека за животот заработува како ескорт дама во Лас Вегас. Поранешната спортистка е мажена и има седмогодишно дете.
Оваа атлетичарка во 2000-тата година во Сиднеј наводно намерно паднала на трката кога сфатила дека не може да победи. Поради нејзиниот атрактивен изглед ја сакаа спонзорите, но од тие Олимписки игри ја прати епитетот контроверзна особа.
„Ја преземам целосната одговорност за своите грешки. Јас не сум жртва и не сакам да се жалам за тоа“ изјави Американката која додаде „Сите во светот прават грешки, јас направив премногу голема грешка, голема…“.
Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.
Пронајдете не на следниве мрежи: