Сириските бунтовници се снабдуваат со оружје од Западот

Заменикот на шефот на руската дипломатија, Генадиј Гатилов во понеделникот на својот профил на Твитер напиша дека постојат сé повеќе докази дека сириските бунтовници набавуваат големи количества оружје произведено на Запад.

„Има сé повеќе докази дека сириската опозиција преку трети земји масовно се снабдува со оружје произведено на Запад. Се прашувам како во тие услови нашите западни партнери, коишто заговараат санкции против Сирија, имаат намера да обезбедат нивни чесно спроведување”, пишува заменикот на рускиот министер за надворешни работи, Генадиј Гатилов.

САД и Велика Британија наведуваат дека даваат помош на сириските бунтовници, но не во вид на оружје, туку во комуникациска опрема. Меѓутоа, неподелено е мислењето дека Турција, а особено Саудиска Арабија и Катар коишто се непомирливи финансиски моќни противници на сирискиот претседател Башар ал-Асад, ја финансираа набавката за тамошната вооружена опозиција.

Западот, пак, од своја страна ја обвинува Русија којашто поддржана од Кина се противи на каква и да е странска вооружен интервенција во Сирија, дека му дозволува на претседателот Асад неказнето да делува. Притоа се наведува дека минатата година сириската влада од Русија купила оружје во вредност од речиси милијарда американски долари.

Москва и Пекинг досега користејќи го правото на вето блокираа носење резолуција за вршење притисок врз владата на Башар ал-Асад, во Советот за безбедност на Обединетите нации, образложувајќи го таквиот потег со едностраност во осудата којашто не ја опфаќа и сириската вооружена опозиција, како и дека со тоа се отвора понатамошен простор за повторувањето на ткн. Либиско сценарио, односно воведување прво зона за забранети летови а потоа и надворешна воена интервенција.

Пронајдете не на следниве мрежи: