Ѕвездата филм „На пат до ѕвездите“, дебелкастата Ребел Вилсон ќе биде домаќинката на доделувањето на филмските награди MTV за 2013 година, внесувајќи свежина во годишната свеченоста.
Дваесет иосумгодишната австралиска актерка Ребел Вилсон покрај што ќе биде домаќинка на шоуто, ќе настапи и како актерка во говорните скечеви на доделувањето на признанијата коешто ќе се одржи на 14-ти април во Лос Анџелес. Актерката која во 2011 година се појави во филмот „Деверуши“ се појавува во промотивниот најавен спот за делувањето.
MTV ги доделува наградите во облик на кутија со позлатени пуканки во повеќе категории, од кои најзабавни се „најдобар бакнеж“ и „најдобра тепачка“. Со наградите им се одава признание на блокбастер хитовите кои филмската индустрија ги заобиколува на доделувањето на престижните Оскари и Златни глобуси.
Претходните домаќини на доделувањето на MTV наградите неа Линдси Лохан, Мајк Мајерс и Џими Фалон.