Џеј–Зи: зошто ги подржувам истополовите бракови

Џеј Зи (42) кој неодамна ја прослави четири години од свадбата со Бијонси, сака да се осигура, дека секој пар,  геј или стрејт  би ја имал можноста да го направи истото.

Тој ја изрази својата подршка за истополовите бракови за време на прес-конференцијата во Филаделфија на музичкиот фестивал Бадвајзер.

„Секогаш гледав на тоа како нешто што сеуште ја задржува нашата земја назад. Што прават луѓето во своите домови е нивна работа и можат да бираат да сакаат кого тие би сакале да сакаат. Тоа е нивна работа. Не е воопшто различно од дискриминацијата на луѓето со различна боја на кожата. Дискриминација е, кратко и јасно.

Освојувачот на Греми наградите дури 14 пати и татко за првпат, спаѓа во листата ба познатите кои ја користат својата слава како платформа за општествени промени, како претседателот Барак Обама, кој неодамна излезе во пресрест подржувајќи ги истополовите бракови на интервју за ЕЈ-БИ-СИ.

„Мислам дека тоа е правилно да се направи“, изјави Џеј-Зи за историската промена на претседателот. „Навистина не е за гласовите. Се работи за народот. Па, дали ќе добие гласови или не, мислам дека е правилно нешто што човек треба да го ннаправи“.

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

Пронајдете не на следниве мрежи: