Струмичката гимназија со мјузикл за Тоше Проески(видео)

Голем хуманитарен новогодишно-божиќен мјузикл (концерт) „Музика и хуманост без граници“ ќе се одржи на 4-ти јануари во Струмица.

Гимназијалците од струмичкото средно училиште „Јане Сандански“ во салата на НУЦК „Антон Панов“ ќе изведат 35 песни на Тоше Проески собрани во 80-минутен мјузикл.
„Годинава учениците ќе ја реализираат долгопосакуваната идеја за чествување на музиката и делото на најголемиот хуманист. Овој концерт се подготвува со огромно задоволство и љубов бидејќи не води хуманоста на Тоше Проески. Преку пеење, свирење, глума и танц ќе ја искажеме својата почит кон великанот и ќе одиграме неколку сегменти од неговиот живот“, вели диригентот на хорот при СОУ „Јане Сандански“.
Струмичката гимназија и Младинскиот совет од Струмица веќе трета година организираат хуманитарен концерт во јануари со различни празнични тематики. Учество на концертот ќе земат над 70 ученици од хорот, оркестарот, драмската секција и балетските групи од училиштето „Јане Сандански“.
Влезницата е симболична, со подарок под елката која ќе биде поставена пред големата сала, а средствата ќе бидат наменети за загрозени семејства на кои им е неопходно внимание и љубов во периодот на празниците.

Следува композиција од Божиќниот концерт 2012

 

 

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

Пронајдете не на следниве мрежи: