Кајли Миног и Џејсон Донован заедно по 23 години

Кајли Миног и Џејсон Донован во петокот првпат по 23 години повторно беа заедно на сцената на концерт во Лондон, на која овој австралиски дует го изведе хитот од 1988 година „Especially for you“.

„Од кога го очекувате ова?“, ја запраша Кајли Миног публиката во лондонската О2 Арената, на што и’ беше возвратено со бурни овации.
Дуото продаде повеќе од милион ЦД-а со песната „Especially for you“ само во Велика Британија, и беше еден од најпродаваните во другите земји, во  Европа и секако во нивната родна Австралија.
Миног и Донован, врсници кои сега имаат по 44 години, ја започнаа својата кариера на телевизијата настапувајќи под имињата Скот и Чарлин во австралиската телевизиска сапуница „Neighbours” (Соседи) од крајот на 1980-те.
Еден период беа и животни сопатници. Кајли ја продолжи соло кариерата на меѓународна поп ѕвезда, а Џејсон работи како артист и музичар.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: