Facebook веќе нема да биде бесплатен

Loading...

Луѓето што се познаваат меѓу себе нема да плаќаат ништо, а Фејсбук има намера да ги наплаќа пораките што ви стигаат од луѓето со кои не сте Фејсбук пријатели.

Судејќи според најавите од таа корпорација, Фејсбук спроведува експеримент со кој се обидува да утврди дали е изводливо наплаќањето на пораките што корисниците ги разменуваат низ своите виртуелни „сандачиња“.

 

Луѓето што се познаваат меѓу себе нема да плаќаат ништо, а Фејсбук има намера да ги наплаќа пораките што ви стигаат од луѓето со кои не сте Фејсбук пријатели.

 

Најголемата социјална мрежа притоа тврди дека целта на оваа мерка е заштита на корисниците, поткрепувајќи го тоа со аргументите дека познатите личности често се изложени на вистински ерупции од пораки од непознати личности, но и дека недозволените маркентиншки кампањи се спроведуваат со испраќање на пораки во „инбокс“.

 

На критиките дека тоа ќе ја осиромаши основната идеја, запознавање и дружење меѓу корисниците во компанијата одговараат дека секој што ќе запознае некого и сака да му се јави по пат на Фејсбук ќе треба да биде подготвен да издвои по еден долар, додека оној кому главната цел му е малтретирање или спамување ќе треба малку подобро да размисли, пред да го направи тоа, затоа што ќе треба да плати.

loading...