Големината сепак била важна

Неодамна една истражувачка студија за геј мажите во Нујорк, покажа дека зголемувањето на големината на машкиот полов орган ја намалува употребата на кондом. 

Итражувањата на Хантер колеџ центарот за ХИВ студии, откри дека мнозинството од мажите не користат кондом, бидејќи не можат да си најдат соодветна големина, додека пак 40 отсто изјавиле дека без проблем може да најдат соодветен кондом. 

 

Иако, во секоја продавница може да се купат различни видови на кондоми, постојат и такви кои одговараат на сите величини и се универзални. Тие може да се добијат само бесплатно во клиниките во Нујорк. 

 

 

Како и да е, величината не треба да ги спречува мажите да користат кондом, бидејќи тие сепак треба да се заштитат од полово преносливи болести меѓу кои е и ХИВ/СИДА. 

Една студија од Универзитетот во Индијана, спроведена во 2009-та година, покажа дека мажите имаат негативен став кон носење на кондоми и дури би ризикувале да префатат некоја полова болест, но не би носеле кондом. 

 

Во моменти на возбуда, мажите знаат да ја загубат својата свест, да се препуштат на задоволството и со сите сили да стигнат до крајната цел-свршувањето. Но, тоа не е оправдување дека не треба да се внимава на себе, своето здравје и со кој и каде се има односи. 

 

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24

Пронајдете не на следниве мрежи: