Обично деновите околу Божиќ и Нова година се полни со љубов и добри дела. Овој човек реши да направи surprise забава за родендeнот на една бездомничка.
Емилио Родригез направи скромна забава на една од шпанските улици каде живее бездомничката Андреа Капаро. Со роденденска капа и чоколадна крофна, забавата изгледа доста скромно но повеќе од очигледно е дека и значи премногу на Андреа. Можеби најтрогателно од целата прослава е моментот кога таа се мисли што да замисли кога го пушта балонот во воздухот, па радосно извикува: „Нека бидат сите среќни!“.
Одвојте 5 минути, погледнете го видеото од вашиот удобен и топол дом, и веќе утре направете нешто убаво за оние кои се помалку среќни од вас. Нема да зажалите…
Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.
Пронајдете не на следниве мрежи: