Се венчале 23 пати во секоја земја која ја посетиле

Loading...

За нив тоа е авантура за целиот живот. Тие патуваат три години низ светот во својата камп приколка, и притоа во секоја земја која ќе ја посетат, се колнат на верност еден спрема друг на најнеобичните локации за венчање.

Брачниот пат Алекс Пелинг и Лиса Гант од Јоркшир, Велика Британија, одлучиле не само да патуваат низ светот, туку и да се венчаат во секоја земја која ќе ја посетат. 

Отворени кон секоја култура и локални обичаи на секое место кое ќе го посетат, тие навистина прават нешто креативно, романтично и несекојдневно. 

Овој пар до сега се венчал 23 пати во 15 различни држави, а својата авантура ја започнале во јули 2011 година. Последната венчавка ја имале во Колорадо, а пред тоа судбоносното ''да'' го кажале по бразилски обичаи. 

Освен тоа, тие ја посетиле и Костарика, Чиле, Аргентина и Никарагва, како и други држави. 

Заљубениот пар го бара совршеното место за венчавка. Како? Имаат церемонија на венчање во секоја земја која ќе ја посетат.

 

loading...