Лимонот е благопријатен во текот на празниците

Со 19 калории на 100 грама, лимонот е драгоцен адут при слабеењето и детоксикација, а програмата за слабеење препорачува лимонада наутро и без ограничување преку целиот ден.

Свежо исцедениот лимон со топла вада пред на празен желудник наутро е одлична навика за слабеење и детоксикација на организмот. Високото количество витамин Ц од лимонот го зацврстува организмот и овозможува согорување на вишокот калории. Лимонот, исто така, го чисти трактот за варење на храната, а неговите диуретски карактеристики ги стимулираат активности на бубрезите и помага во елиминацијата на токсините од организмите.
Лимонот е природен сузбивач на чувството на глад и ја стабилизира стапката на шеќерот во крвта. Благодарејќи на пектинот, влакното коешто набубрува во контакт со вода во желудникот испраќа порака на ситост и го одложува и намалува чувството на глад. Затоа, пред секој оброк  треба да се испие една лимонада, а против компулзивното чувство на глад треба да се вдиши есецијално масло од лимон.
Лимонот земен на гладно, го чисти црниот дроб и овозможува подобро варење на храната. Неколку капки од лимон заедно со оброкот го подобри варењето, а состојбата против претерувањето по оброкот ќе се поправи со неколку парчиња лимон.
Против задржувањето на водата во организмот ништо не е толку ефикасно како лимонадата испиена на празен желудник. Диуретските особини на лимонот помагаат во елиминација на водата од организмот а со тоа и целулитот.

Пронајдете не на следниве мрежи: