S&P го измени долгорочната кредитен рејтинг на Групацијата Триглав од А на А-

Loading...

Агенцијата за кредитен рејтинг Standard & Poor's (S&P) ја намали долгорочната кредитна способност на Групацијата Триглав, вклучувајќи ја и Заваровалница Триглав и Позаваровалница Триглав Ре, за едно ниво, на „А-“.

Причината за ваквото намалување е неодамнешното намалување на долгорочниот суверениот кредитен рејтинг на Словенија и е одраз на општата финансиска и економска ситуација во земјата.

Намалувањето на суверениот кредитен рејтинг на Словенија од едно ниво, и тоа од „А +” на „А” издадено од страна на меѓународната рејтинг агенцијата S&P на 3-ти август оваа година,  влијаеше негативно и врз кредитната способност на Групацијата Триглав. Така, S&P го намали долгорочниот финансиски и кредитен рејтинг и за Заваровалница Триглав како и за  Позаваровалница Триглав Ре од едно ниво на „А-” од „А” и ја задржа негативната прогноза.
Што се однесува до долгорочниот кредитен рејтинг на Групацијата Триглав, која исто така се однесува и на Заваровалница Триглав и Позаваровалница Триглав Ре, S&P објави предупредување уште во средината на декември минатата година, во кое се наведува дека поради големата веројатност за вонредна финансиска поддршка од страна на Република Словенија во случај на финансиска нестабилност, кредитната способност на групацијата Триглав може да биде намалена најмногу за една стапка, односно до ниво  „A-“.  S&P натаму наведува дека со оглед на влошената економска и финансиска ситуација во Словенија поддршката на групацијата Триглав од државата, како нејзин најголем сопственик, се очекува да биде на најниско ниво.
„Кредитната способност на Групацијата Триглав е значаен фактор во постигнувањето на нашите стратешки цели. Ние продолжуваме и понатаму да бидеме водечка осигурителна и финансиска групација во Словенија и една од водечките институции во Југоисточна Европа. И покрај негативните прогнози за Словенија, во иднина не очекуваме каква било промена на кредитната способност на самата осигурителна компанија. И за нашите деловни активности, основани на силна капитална и конзервативна инвестициска стратегија, ова е од особена важност”, изјави Матјаж Раковец, претседател на Управниот одбор на Заваровалница Триглав.
Покрај тоа, водечкиот менаџери на Триглав истакна дека со оглед на моменталната економска состојба, кредитната способност на Групацијата Триглав сé уште е на релативно високо ниво и е споредлив со рејтингот на некои истакнати осигурителни компании во Европа, како на пример Austrian Uniqa,  Swiss Life Holding the Spanish Mapfre, Dutch Delta Lloyd NV и Italian Assicurazioni Generali.
Бидејќи секоја промена на долгорочниот кредитен рејтинг на Заваровалница Триглав и Позаваровалница Триглав Ре зависи од ситуацијата во Словенија, процените за кредитниот ризик на Групацијата Триглав во иднина ќе зависат од долгорочната државна кредитна способност на Словенија

(Макфакс)

loading...
Loading...