Ким Кардашијан во секси интересна комбинација како и секогаш

Ким и Канје се подготвуваат за нивниот прв Божиќ заедно.Двојката облечена во црна облека била забележана како се движи надвор од Лос Анџелес во неделата.
Тие одлично изгледаат заедно додека се упатуваат до ресторанот во центарот на Лос Анџелес.

Ким, облечена во краток црн свилен мини фустан повторно ја истакнува нејзината фигура на песочен часовник . Изгледот го надополни со црни чизми над колна и златна везена чанта кои совршено се вклопија во комбинацијата.

Косата и беше пуштена со познатата фризура со благ степен во темна црна нијанса.

Таа откри на својот блог дека косата повторно ја обоила во оваа нијанса бидејки претходната посветла нијаса не и била природната боја.

“Морав да ја обојам мојата коса во потемна боја за зимата”, пишува Ким. ” После Мајами искрено многу ми стана здодевна посветлата боја и откако добив повеќе предози да ја вратам својата природна нијаса се решив да го направам тоа!”

Канје носеше црни кожни пантолони, црна маица и елече.

Пронајдете не на следниве мрежи: