Карабатиќ физички се пресметал со претседателот на клубот

Никола Карабатиќ не може да се помири со одлуката на Монпеље дека е непожелен во клубот и дека по завршувањето на сезоната ќе треба да го напушти клубот.

Како што пишува ’Лекип’, во неделата тој бил кај претседателот на клубот Реми Леви, а разговорот завршил со физичка пресметка.
Леви најавил дека од Карабатиќ ќе побара надомест поради  здобиените повреди и претрпениот страв.
Проблем за Леви преставува и фактот што тој мора да најде купувач за еден од најдобрите светски ракометари, кој е вмешан во најголемиот обложувачки скандал во историјата на ракометот.
Монпеље веќе се ослободи од помладиот брат на Никола Карабатиќ, Лука, кој замина во Пеј Д`Екс.

Пронајдете не на следниве мрежи: