Ким Кардашијан во провидна блуза низ Њујорк

Ким вчера беше забележана по напуштањето на хотелот Трамп Сохо во Њујорк со нејзината сестра, во кожнo здолниште и проѕирна блуза со точки на ракавите и црн градник под неа.

Косата и беше фатена во коњско опавче, а со себе носеше и мала црна чантичка. Ким и сестра и Клои беа упатени кон Сирс Јонкерс да ја прослават годишнината на нивната модна линија, колекцијата на Кардашијан. 

Модата игра голема улога во животот на Ким. Пред извесно време Ким присуствуваше на неколку шоуа на модната недела на Мерцедес Бенз со нејзиното момче Кање Вест.

Но, и покрај нејзината огромна јавност и годишната заработувачка, претставниците на Холивудската комора не дозволуваат да добие ѕвезда на Булеварот на славните. Според нив, таа не одговара на критериумите, кои вклучуваат актерска кариера од 5 или повеќе години.

 

Пронајдете не на следниве мрежи: