Малата Вивиен застана против трговијата со луѓе

Застаната до масичка на тротоар, со бокал свежа лимонада што им ја нуди на минувачите, осумгодишната Вивиен Хар од САД почна борба против трговијата со луѓе. Продавајќи лимонада, таа сака да собере доволно пари за да им помогне на луѓето кои во делови од светот се уште живеат и работат како робови.

Нејзина цел е да собере 150.000 долари, кои потоа ќе ги уплати во организацијата „Not for sale“, која се  бори против трговијата со луѓе во светот.

– Кога дознав дека во светот постојат робови, тогаш едноставно морав нешто да направам. Ганди бил само еден човек, Мајка Тереза била само една личност, но сепак одлучиле да направат нешто за другите. Зошто и вие не би биле тој човек – вели Вивиен.

Пронајдете не на следниве мрежи: