Дневен хороскоп – 25.12.2012

Loading...

 

Дневен хороскоп за 25.12.2012 – вторник.

 

Овен
Повнимателно анализирајте ја својата околина и соработниците, потребно е добро да се информирате за различните деловни аспекти. Работите кои ги правите без нечие знаење представуваат потенцијален ризик за деловна соработка и за Вашиот статус. Забавете го ритамот.

Бик
Умеете да оставите сериозен впечаток на околината и да ги организирате своите соработници на заедничка акција. Потрудете се да задоволите различни критериуми или интереси, се полесно се решава во креативна атмосфера. Потребно е да се ослободите од “емотивните кочници.

Близнаци
Доколку вашите деловни интереси не се поклопуваат со заедничките цели, не бидете суетни. Важно е да остварите компромисно решение, но и да ги сочувате своите деловни приоритети. Побарајте нечија подршка. Нема причина за чувство на несигурност кој ве наведува да лажете.

Рак
Се наоѓате во одлична форма, потрудете се да оставите добар впечаток на својата околина. Не пропуштајте ја можноста која ветува деловен добиток или корисна реклама. Важно е правилно да се ангажирате во различни правци. Ви недостига емотивен потик, и вие не сакате да сте пасивни.

Лав
Деловните забелешки кои ви ги упатуваат треба да ги прифатите со одредена резерва. Доколку станува збор за различни ставови, ни дополнителните објаснувања нема да ве оправдаат пред некои соработници. Смислете алтернативно решение. За среќа, постои личност која ја сакате многу искрено.

Девица
Новите случувања или промени на деловната сцена може да ве доведат во непријатна ситуација. Добро проценете го моментот за акција и проверете ја информацијата со која располагате. Партнерот се обидува да ве орасположи со своите идеи, но вие реагирате на спротивен начин.

Вага
Делувате многу амбициозно, внимателно ги проверувате различните информации во заедничкото работење. Употребете го својот практичен ум и искуство во онаа мера колку што е потребно да ги заштитите деловните интереси. Потрудете се да ја израдувате саканата личност со нешто необично.

Скорпија
Важно е да се придржувате до проверениот пример во деловното работење и да избегнувате непотребни предизвици. Ризикот има двоен ефект, размислете за можните последици. Секогаш постои и фактор на изненадување. Нема потреба да внесувате дополнителен сомнеж и емотивна тензија во врската.

Стрелец
Недоразбирањето во договорот со соработниците ги пролонгира понатаму плановите и заедничката акција. Во заеднички интерес е актуелните проблеми да ги решите во најкраток можен рок. Покажете повеќе толеранција. Доколку ве оптеретуваат нови емотивни сомнежи, разговарајте искрено.

Јарец
Сакате да направите нов режим во својата околина и строго ги оценувате однесувањата на соработниците. Сите свои обврски сакате да ги привредете кон крај, па дури и по цена на лошо мислење од страна на другите. Избегнувајте чувствителни теми кои ја иритираат саканата личност.

Водолија
Делувате неодлучно, подобрете го вашето расположение, не се жалете за се и сешто, така само оставате лош впечаток врз околината. Секогаш ви е тешко да пронајдете корисно решение, но престанете да се сомневате во вашето размислување. Обрнете и внимание на личноста која ја сакате.

Риби
Делувате сомничаво и стоите на дистанца од соработниците. Доколку премногу се спротивставувате на нечија волја, ве очекуваат отежнувачки околности. Не ги преценувајте своите лични можности. Работите кои ве окупираат не наидуваат на одобрување кај поблиската околина.

 

loading...