Амбер Роуз сподели интимни фотографии

Loading...

Само неколку недели ги делат Амбер и Виз од станувањето родители за првпат. Тие се пресреќни и го споделуваат секој мал момент за бременоста. Тие поставија фотографија на Инстаграм. Ова не е првпат Амбер и Виз да објават слики од нивното сеуште неродено бебе, искористувајќи ја секоја можност да ја покажат својата љубов. Двајцата навистина се отворија и за тоа како ќе го чуваат и воспитуваат нивното дете.

 

25 годишниот рапер е добро познат по неговата лоша навика – пушењето цигари, но откако беше прашан дали би се откажал од цигарите по раѓањето на бебето, тој изјави: „Мислам дека суштината е во тоа како го воспитувате детето. Секако, нема да пушам цигари пред бебето, бидејќи пушењето цигари и марихуана не е добро за него. Ништо од тоа. Но, дефинитивно ќе дозволам да знае што е тоа и која е разликата помеѓу тоа да бидеш дете и да не ги користиш овие работи и да бидеш возрасен и да знаеш како да ги користиш“.

 

Амбер додаде: „Исто како алкохолот во основа. Така мислам. Кога сте дете, знаете дека не треба да пиете алкохол, тој е за возрасните и тоа е тоа. Нашиот син само ќе знае дека неговиот татко сака да пуши цигари и марихуана“.

 

Халифа секогаш бил отворен за неговата наклонетост кон пушењето „трева“ :Мислев дека „тревата“ е лошо нешто. Кога бев млад, мислев дека е лоша, но дојдов до одредена точка кога сфатив дека ми одгтовара, но не мислам дека е за секого. Луѓето мора да останат слободни, потребна им е работа, луѓето имаат родители кои не би се сложиле со тоа, така што не го уништувајте сопствениот живот, трудејќи се да бидете како мене или некој друг. Тоа е мојот совет“.

 

 

 

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

loading...