Уапсен човекот кој на мејл му се заканувал на Обама

Loading...

Вооружен маж е уапсен во вторникот во САД откако испратил заканувачка електронска пошта на претседателот Барак Обама, соопшти претставничка на американските правосудни органи.

„Испратил на претседателот заканувачка порака преку електронска пошта“, изјави Емили Ленгли, портпаролка на министерството за правосудство на американската сојузна држава Вашингтон, и потврдила дека мажот е уапсен во еден стан во градот Сиетл.

Кога Тајната служба, којашто се грижи за безбедноста на американскиот претседател, и локалната полиција пристигнале во неговиот стан да го испитуваат, пронашле оружје и тој е ставен во притвор, дополнила портпаролката која не сакала да го идентификува уапсениот, ниту прецизирала кога тој ги упатил заканите кон американскиот претседател.

Друг маж, идентификуван како Оскар Рамиро Ортега-Ернандез, осомничен е дека пукал врз Белата куќа во ноември минатата година, и е обвинет за обид на убиство на претседателот Барак Обама.

извор: https://www.makfax.com.mk/

loading...
Loading...