Тројца мртви во снежна бурa и торнадо во САД

Loading...

Снежните бури оставија без електрична енергија за Божик повеќе од 100.000 семејства во јужните американски држави Тексас, Арканзас, Оклахома, Мисисипи, Луизијана и Алабама, а во невремето кое го зафати овој дел на САД загинаа три лица.

Како што се предвидуваше, временските услови се влошија во текот на денот, а ноќта имаше предупредувања од торнадо во некои делови на Алабама, Флорида и Џорџија.
Бурата однесе три животи, повеќе луѓе се повредени, а многу домови во Луизијана и Алабама се оштетени.
Во Мобајл, Алабма, торнадо со силни ветришта оштети домови, средно училиште и црква, а поради тоа снема и струја кога падна ноќта.
Луѓето кои пречекуваа гости дома за Божик, кога ги слушнале сирените за предупредување од торнадо, заминале во засолништа.
„Имавме среќа, ова беше удар на торнадо. Притисокот падна, а ушите почнаа да ни пулсираат, но се стана лудо во секунди“, вели еден од локалните жители.
Бурата со силни дождови се помести кон Џорџија во среда, а се очекува да ја погоди и Каролина.
Поради лошите временски услови биле откажани 210 авионски летови ширум САД, од кои една третина ги откажала компанијата „Америкен ерлајнс“ и нејзиното регионално претставништво „Америкен игл“.
Според Националната метеоролошка служба, три послаби бури биле регистрирани во Тексас, а оштетена е само една зграда.
Поради замрзнатите патишта во Оклахома биле предизвикани повеќе сообраќајни несреќи, од кои во еден верижен судар учествувале 21 возило.

Макфакс

loading...
Loading...